Францускиот репрезентативец Пол Погба беше еден од двигателите на Манчестер Јунајтед во минималниот триумф (1-0) над Тотенхем во дербито на колото во англиската Премиер лига. Погба асистираше до Маркус Рашфорд кој во 44-та минута со погодок ја круниса перфекната контра на гостите.
- Знаевме дека ќе биде тешко да се игра со Тотенхем и оти контрите ќе ни бидат голема шанса за погодок. Подготвуваме акции слични на таа по која го постигнавме погодок. Рашфорд одлично истрча и заврши, а јас се потрудив да му асистирам што можам најдобро. Сакам кога играме сите заедно и гинеме на теренот. – изјави Погба.
Репрезентативецот на „триколорите“ се препороди после доаѓањето на Солскјаер и ја води екипата, што не беше случај додека на клупата беше Жозе Мурињо.
- Со системот на игра и со тактиката која ја користивме со Мурињо беше тешко да се направи добар резултат. Јас не сум добар одбранбен фудбалер, а тоа го препозна Солскјаер кој ме форсира напред да разигрувам и давам голови. На позицијата која играв со Тотенхем најдобро се осеќам, а да си среќен додека играш е најважно. – додаде Погба.
Несомнено херој на „црвените ѓаволи“ на Вембли беше шпанскиот голман Давид де Геа кој одбрани неверојатни 11 удари во второто полувреме. Не само што беше прогласен за играч на мечот туку и беше топ тема на социјалните мрежи.
OhridNews
Де Геа несовладлив, „црвените ѓаволи“ победија на Вембли (видео)