Пол Погба експресно реагираше и ја демантираше информацијата која ја пренесе англискиот весник TheSun дека се повлекува од француската репрезентација поради нарушените односи со првиот човек на државата, Емануел Макрон.
TheSun во денешното издание имаше објавено дека Погба му се налутил на претседателот Макрон за одликување на наставник кој беше убиен после навредливите карикатури на пророкот Мухамед.
Погба беше дел од селекцијата на Франција која стигна до златниот медал на Мундијалот во Русија и одликуван беше со највисоки почести од францускиот врв. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед до сега во дресот на Франција има настапено 72 пати.
OhridNews