Францускиот репрезентативец Пол Погба се наведува како една од главните причини за неуспешната авантура на Жозе Мурињо на Олд Трафорд. Манчестер Јунајтед му врачи отказ на постугалскиот стручњак во вторникот, два дена после поразот од Ливерпул во големото англиско дерби на Енфилд.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Погба бил многу радосен на тренингот после отказот за Мурињо и викал дела тренерот работел констатно проти него. – Сакаше од мене да направи будала. Ги сврте навивачите против мене. Но, се зафркаваше со погрешен човек. 

Погба сериозно бил опоменат од Мајкл Карик кој беше десна рака на Мурињо во неговиот престој на Олд Трафорд. Карик исто така му рекол на Погба дека никој играч, ниту член на Манчестер Јунајтед не е поголем од клубот.

Односите и однесувањето на Погба во и надвор од теренот ќе биде најголем предизвик за Оле гунар Солскјаер кој ја доби довербата до крајот на сезоната.

OhridNews