Манчестер Јунајтед ги продолжи натпреварите во ФА купот победувајќи го Челси (2-0) на Стемфорд Бриџ во рамките од осминафиналето. „Црвените ѓаволи“ со триумфот ставија точка на негативната серија со „сините“ во Лондон. Последен пат Манчестер Јунајтед славеше 2012 година кога тимот го предводеше Сер Алекс Фергусон.
- Ова е неверојатна победа. Одлично изгледавме на теренот. Многу сум задоволен од нашата игра. Целиот тим мене ми помогна да играм подобро. Поради нив јас асистирам и постигнувам погодоци. Уживам во нашата игра моментално. Ние сме Манчестер Јунајтед и секогаш одиме на победи и освојување на титули. Менаџерот верува во нас, а ние цврсо веруваме во него. – изјави францускиот репрезентативец Пол Погба.
Норвежанецот на клупата од Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјаер смета дека екипата ги исполни сите тактички замисли на средината од теренот. – Имаше критики на наша сметка после мечот со ПСЖ, но против Челси сите на теренот направија точно што се договоривме. Барав од играчите во средниот ред играат пресинг, да одат напред и тоа вроди со плод. Дефанзивно одигравме перфектно второ полувреме. Челси е добар тим, има свој стил на игра, но Хуан Мата одработи добра работа враќајќи се назад да им помогна на фудбалерите.
Во 1/4 финалето Манчестер Јунајтед ќе ги одмери силите со Вулверхемптон, но веќе во фокусот на „црвените ѓаволи“ е дерби пресметката со Ливерпул во недела во Премиер лигата.
OhridNews