Портрет за лауреатот на Струшките вечери на поезијата, албанскиот поет Фатос Арапи, се одржа синоќа во катедралната црква Св. Софија. За опусот на Арапи беседеше академик Гане Тодоровски. Фатос Арапи е еден од најмаркантните поети на современата албанска поезија и има објавено над дваесетина книги поезија. Тој претставува светска фигура во доменот на поетското творештво, елитен албански поет и еден од врвните живи поети на денешницата.


Портрет за лауреатот во Св. Софија

Претходно пред спомен куќата на Браќата Миладиновци беше претставена поетската книга „Среде“ на македонскиот писател Ристо Лазаров – добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Книгата „Среде“ е исклучително поетско остварување на Лазаров кое ќе ја збогати современата македонска литература, истакна Санде Стојчески, претседател на жири комисијата на СВП.


Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ – Ристо Лазаров

Признанијата на лауретатот на Струшките вечери на поезијата, Фатос Арапи и на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, Ристо Лазаров, ќе им  бидат врачени вечерва на  манифестација „Мостови“ со која завршуваат поетските вечери.