Синоќа, во рамките на манифестацијата„ Ноќ на европската литература“, по повод Денот на Европа, во салата „Склада“ во Софија се читашр поезијата на охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски.Негови стихови интерпретираа актерите Игор Дамјанов и Ѓорги Георгиев-Антика. Оваа година Ѓорѓо е македонски претставник на оваа манифестација.

Пред извесно време неговата книга „Последните ракописи“ беше промовирана во познатиот клуб „Перото“ во Софија. Неговата поезија на бугарскии јазик ја преведе Роман Кисјов.

OhridNews