Во Друштвото на писателите на Македонија, денеска, ќе се одржи портрет на истакнатиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски. За творештвото на Димоски ќе зборува писателот Венко Андоновски, а стиховите ќе ги кажува Александра Велинова. На средбата поетот Славе Ѓорѓо Димоски ќе има арс-поетичка беседа.
Охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски дебитираше во 1979 година со книгата “Гравири”. Во изминатите три и пол децении со своите поетски остварувања тој остави силен и препознатлив печат со високи естетски дострели кои претставуваат достоинство на современата македонска литература. Славе Ѓорѓо Димоски за своето творештво е добитник на значајни книжевни признанија во земјата и во светот.