Избор поезија од охридскиот поет Пере Ристески е објавена во новиот број на угледното американско списание „Мед Свирл“.

Се работи за списание што објавува поезија, кратка проза и кратка фикција, а главен уредник е Џони Олсон. Покрај поезија од македонскиот поет, се објавени песни и од поети од целиот свет, меѓу кои се: Квинтет Колиер, Лук Рита, Родерик Ричардсон, Опалина Салас, Брдафорд Мидлтон и многу други.
                    
Инаку, поезијата на Ристески е преведувана на повеќе светски јазици и објавена во списанија и антологии во повеќе држави ширум светот.

OhridNews