На веб сајтот „Збориште на трубадури“ во Софија, Бугарија е објавен избор од поезијатa  на охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски со посебна белешка.

Оваа објава е дел од обемен избор на неговата поезија кој ќе се појави до крајот на годинава во Софија под наслов „Поле. Бојно поле?“.

Објавувањето на оваа книга е финансиски поддржано од Европската мрежа за литература и култура „ТРАДУКИ“. Преводот на бугарски е на Роман Кисјов, кој зад себе има преведено на над дваесет македонски поети.

OhridNews