Од вечерва на полноќ поевтинуваат горивата одлучи денес Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ. Според Одлуката малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 75,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 за 77,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит. и изнесува 68,00 ден/лит, додека на Мазутот М-1 НС за 0,948 ден/кг.  и изнесува 42,985 ден/кг.

OhridNews