Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,08% одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Од вечерва на полноќ цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, и ќе се продава за 74,50 ден. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, пак, се намалува за 1,00 ден/лит, и ќе чини 76,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се намалуваат за 2,00 ден/лит. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се чини 70,00 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 69,50 ден/лит.
За 1,240 ден/кг се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, си ќе чини 42,261 ден/кг.
Г.М.