Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, и од вечерва на полноќ ќе изнесува 78,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Истовремено малопродажната цена на бензинот на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, и ќе изнесува 70,00 ден/лит.

Нема промени кај малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство. ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува и натаму ќе се продава по цена од 76,00 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 69,50 ден/лит.

Единствено се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,517 ден/кг, и ќе изнесува 45,775 ден/кг.

Г.М.