Од ноќеска на полноќ, бензините „Супер 95“ и „Супер 100“, поевтинуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 71,00, односно 73,00 денари, додека дизел горивото ќе се продава поевтино за два денара и ќе чини 64,00 денари за литар.
Ова се цените објавени од Регулаторната комисија за енергетика, која започна со пресметка според новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите.
Од Комисијата наведуваат дека ако трговците и оваа недела самите ги пресметуваа малопродажните цени, цената на бензините ќе останеше непроменета додека дизелот ќе поевтинеше за еден денар.