Од ноќеска на полноќ поевтинуваат цените на горивата. Бензините ќе поевтинат за 1,5 денари, а дизелот за 4 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажна цена на моторниот бензин МБ-96 ќе изнесува 73, Еуросупер-95 ќе се продава за 70, а Еуросупер-98 за 71 денари по литар. Еуродизелот  (Д-Е ИВ) ќе чини 67 денари за литар, додека цената на екстра лесното за домаќинство  и на екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1)  се намалува за 4,5 денари и ќе изнесува 55,50, односно 56 денари за литар. За 1,724 денари за килограм се намалува и  малопродажната цена на мазутот М-2 кој сега ќе се продава за 34,438 денари за килограм.

ohrtidnews