Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денари, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за 1,00, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 80,00, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82,00 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домажинство не се менува и останува 68,00 денари.
За 0,362 денари поевтинува Мазурот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,075 денари.
OhridNews