Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините се намалуваат за половина денар,а на дизелот за 1,5 денари.
 
Новата цена на литар еуросупер БС-95 изнесува 71,00 денари, а на еуросупер БС-98 изнесува 73,00 денари. Малопродажната цена на еуродизелот изнесува 55,00 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 43,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,745 ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,071 ден/кг.

OhridNews