Малопродажната цена на бензините и на дизел горивата ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за два денари по литар.

Вака реши денеска Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 68,00 ден/литар, јавува „Макфакс“..

Еуродизелот (Д-Е В) од ноќеска ќе се продава по 56,00 ден/лит а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 44,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,255 денари/кг во однос на претходната цена. Така цената на М-1 НС изнесува 32,225 ден/кг.

OhridNews
извор: „Макфакс“