Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, цената на бензините ќе се намали за денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинства за половина денар.

Новата цена на  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.  Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 53 денари, а екстра лесно масло за домаќинство за 41,50 денари.

За 0,672 денари се намалува цената на мазутот М-1 НС од кој енергенс литар ќе чини  25,691 денар.

OhridNews