Новата цена на Еуросупер-95 ќе изнесува 62,50, додека Еуросупер-98, ќе чини 64 денари за литар.
Цената на Еуродизелот останува иста, односно 50 денари за литар, додека цената на Екстра лесното за домаќинство се намалува за 0,50 денари и ќе изнесува 38,50 денари за литар.
Со одлуката на Регулаторната комисија за 0,491 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 кој сега ќе се продава за 28,326 денари за килограм.