Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 денари по литар, а дизел горивата за еден, односно половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена  на ЕУРОСУПЕР-95 е 60,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава за 61,50, ЕУРОСУПЕР БС-95 за 62, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63,50 денари за литар. 

Со одлуката на РКЕ за еден денар се намалуваат малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), додека малопродажната цена на Екстра лесното за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар по литар.

Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) ќе изнесува 48,50 денари за литар, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) 49, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 38 денари за литар.

Се намалуваат и малопродажните цени на мазутот М-2 и на мазутот М-1 НС, кои сега ќе се продаваат за 24,407, односно 25,937 денари за килограм.

ohridnews