„Макфакс“ пренесува дека согласно одлуката што македонската влада ја донесе на синоќешната седница, акцизата на возила во иднина ќе се пресметува врз основа на фактурираната вредност на возилото, а не врз основа на кубикажата, што беше досегашна практика.
Притоа висината на акцизата ќе се зголемува пропорционално со вредност на возилото, што значи дека за поевтините возила акцизата ќе биде многу ниска, додека за полуксузните возила вредностана акцизата пропорционално ќе расте.
„Владата при донесувањето на овие измени водеше сметка да не се наруши пазарот на нови возило и да се понуди модел кој што одговара на современите технолошки стандарди“, рече Ставрески.
Тој изрази уверување дека со предложените измени нема да наруши фискалната рамнотежа, односно дека буџетскиот прилив по основа на акциза на увезени возила, кој годишно се движи од 8,5-10 милиони евра, во најмала рака ќе остане ист.
Според предложениот модел за возилата чија фактурна вредност е помала од 3.000 евра воопшто нема да се плаќа акциза, за возилата кои чинат од 3.001-4.000 евра акцизата ќе изнесува 0,5 отсто од вредноста на возилото или 20 евра, а за возилата од 4.001-5.000 евра акцизата ќе биде еден отсто или 50 евра.
За возила вредни од 6.001до 8.500 евра акцизата ќе биде два отсто (170 евра), за возила од 8.501-12.000 евра акцизата ќе биде три отсто (360), а за возила вредни од 12.001до 14.000 евра акцизата ќе биде четири отсто (560), а од 14.001 до 16.000 акцизата ќе биде шест отсто (960).
Купувачот на возилата со фактурирана вредност од 18.001-22.000 евра ќе плаќа акциза од 11,5 отсто (2.530), а за возилата вредни од 22.001-25.000 акциза од 13,5 отсто (3.375).
За возила чија цена е од 25.001-30.000 евр а ќе се одредува акциза од 15,5 отсто (4.650), додека за возилото поскапи од 30.000 евра акцизита ќе изнесува 18 отсто од вредноста на возилото, односно над 6.300 евра.
Ставрески посочи и пример, според кој примената на новиот модел ќе овозможи драстичен пад на вкупната цена што ќе ја плати граѓанинот, ако на пример сака да увезе Опел „астра“ со 1.800 кубни сантиметри запремнина и набавна вредност од 4.000 евра.
„Досега за вакво возилао се плаќаше акциза од 1.200 евра и кога на тоа ќе се додаде ДДВ и маржата крајната цената изнесуваше 6.500 евра, а со новиот модел граѓанинот за истото возило ќе плати 4.745 евра.
извор: „Макфакс„