Од ноќеска на полноќ, бензините ќе се продаваат поевтино за денар, а дизелот, за денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на бензинот МБ-96 од 70,5 се намалува на 69,5, на БМБ-91 од 67,0 се намалува на 66,0 на Еуросупер-95 од 67,5 на 66,5, а Еуросуперот-98 кој чинеше 68,5 од полноќ ќе се продава за 67,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Дизелот-Е од 61,0 се намалува на 59,5 денари за литар, а на екстра лесното гориво од 50,0 на 49,0 деари за литар, соопшти Регулаторната комисија.
ohridnews