ЕУРОСУПЕР БС- 95 ќе се продава по цена од 61 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 62,50 денари за литар.
Од полноќ малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е) ќе изнесува 48 денари за литар. Корекција ќе претрпи и цената на Екстра лесното масло за домаќинства, кое ќе се продава за 37 денари, а мазутот ќе чини 26,762 денари за килограм.