Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензините поевтинува за 5,5 денари за литар, а на дизелот за 2,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на вонредна седница. Претходно Владата одлучи да ја намали акцизата за нафтените деривати во период од четири месеци.
Новата цена на Еуросупер 95 од ќе изнесува 75 денари за литар, а на Еросупер 98 – 76,5 денари за литар. Еуродизелот ќе чини 68,5 денари за литар.
OhridNews