Цените за телефонирање и пренос на податоци во Европската унија од денеска ќе бидат поевтини, а на 15-ти јуни целосно ќе биде укината наплатата на роаминг и телефонирање во странство и ќе чини колку и на домашниот пазар, објави вчера  Европскиот парламент.

Известувачката на Европскиот парламент за единствен телекомуникациски пазар, Пилар дел Кастиљо Вера, порача дека „30-ти април е извонреден ден за потрошувачите кои ќе имаат речиси четири пати поевтини цени на роамингот за пренос на глас, податоци и пораки“. Ова е последниот чекор кон целосното укинување на наплатата на роаминг во јуни 2017 година, додава дел Кастиљо.

„Ние сме на почетната фаза сега, пред конечно да ги укинеме трошоците за раоминг во 2017-та. Тоа не е само заштеда на пари за Европејците, туку и уривањер на бариерите во единствениот дигитален пазар“, изјави Андрус Ансип, потпретседател на Европската комисија за единствен дигитален пазар.

До 14-ти јуни 2017 година ќе трае транзицискиот период во кој компаниите ќе можат да нудат услуги за мала дополнителна цена во споредба со цените на домашните малопродажни пазари. Операторите, исто така, ќе можат да наплатат дополнителни 5 центи од еврото по минута разговор, 2 цента за текстуална порака (смс) и 5 центи за мегабајт податоци.

„Го поздравувавме кратењето на цените за роамингот, изјави Моник Гоајен, претседателката на Европското здружение на потрошувачите. „Денес потрошувачите не разбираат зошто минувањето на границите во Европа траба да резултира со зголемување на трошоците за телефонијата и за интернетот, додаде.

По 14-ти јуни следната година, сите разговори во кој и да е дел од Европа ќе бидат по домашната малопродажна цена, се истакнува во соопштението. Плановите кои ЕУ ги објави минатата година, ќе им овозможи на оние што патуваат да добијат онлајн стриминг услуги Нетфлиџ или ББЦ иПлаѕер во странство, услуга која во моментов е блокирана.

Европската унија започна со намалувањето на цените на роамингот во 2007 година, а Европскиот парламент во неколку наврати бараше роамингот на заедничкиот пазар целосно да биде укинат.

Укинувањето на наплатата на роаминг е дел од пакетот за телекомите кој исто така ги вклучува првите ЕУ правила за неутралноста на интернетот кои имаа цел да го осигурат еднаквиот пристап до содржината без дискриминација. Давателите на интернет услугите нема да смеат да ги намалат брзините на интернетот и да ја користат можноста за манипулација со брзините на преносот на податоците во комерцијални цели.

Европскиот парламент во јуни 2015 година постигна договор со државите членки о со европската комисија за пакетот закони за телекомуникацискиот пазар, а конечното одобрување го даде во октомври.

OhridNews
Извор:„Макфакс“