По повод 14 годишнината од функционирањето, а во пресрет на големиот православен празник Св. Трифун, во името на љубовта и виното, Младински Совет Охрид организира поетско-музички рецитал „ Недовршена приказна“.
Настанот ќе се оддржи во изложбениот салон во центарот за култура „ Григор Прличев“, со почеток во 12,00 часот.
Во рециталот учество ќе земат членовите на литературниот клуб „ Поема“, радскиот хор, членовите на танцовиот клуб и балетско студио „ Соната“, како и ученици од музичкото училиште „ Методи Патчев“.
OhridNews