На 7 февруари со почеток во 12. 00 часот во КИЦ „Култура 365“ ќе се одржи поетско читање во чест на А. ден Долард по повод неговиот 116-ти роденден.

А. ден Долард (1901-1994) бил холандски писател и новинар кој уште како ученик бил емоционално поврзан со Македонија. Своите впечатоци од бројните посети на Македонија и сознанијата за нејзината историја ги запишал во книги и како статии во холандските весници. Тој се смета за најголемиот промотор на Охрид во Холандија поради што во 2006 година му беше подигнат споменик на брегот од Охридското езеро, во Холандскиот парк.

Сите заинтересирани поети кои сакаат да се претстават со свои дела, можат да испратат три кратки песни по свој избор на адреса: [email protected]

OhridNews