Денеска во Прличевата одаја на  Библиотеката  „Григор Прличев”, со почеток во 12 часот, ќе се одржи поетско читање на поезија за деца.


Оваа културна манифестација охридската библиотека, ја организира по повод 2-ри Април, Светскиот ден на детската литература.

Поезија за деца ќе прочитаат Емилија Велевска, Тоде Илиевски, Марин Куциновски, Љупчо Милковски, Сотир Пирузе, Мирко Томовски,  Блаже Тренески и Цане Трпкоски.

OhridNews