По повод светскиот ден на поезијата 21 март, денеска со почеток од 20:00 часот во кафѐ и бар “Шила“ ќе се оддржи шестото издание на „Имам нешто да ти кажам“- поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор.
Ќе се чита авторска поезија и поезија од познати домашни и светски автори. Повикот за учесници е отворен. Може да чита секој што има своја поезија, и желба за читање.
Како што вели еден од организаторите Јован Цветкоски, постдипломец на Филмската академија во Охрид и член на НАТГ “Аматер“: “Позитивно сме изненадени од посетеноста на минатите поетски вечери. Охриѓани покажаа дека се желни за уметност и дека се големи љубители на пишаниот збор, безрезервно поддржувајќи го овој проект, кој прерасна во убава традиција секој да може да си ја каже маката или тоа што му лежи на душа во уметничка форма, преку поезија.
Стихови денес ќе читаат: Анастасија Стојаноска; Тамара Танкоска; Јана Голабоска; Бисера Николоска; Михаела Протугер; Ана Филипче; Евамарија Баткоска; Климент Шиникоски; Теодора Николовска; Јован Цветкоски; Сретен Стрезовски; Славица Илиќ.
Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуален бар и кафѐ кој се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид. „Ги охрабруваме креативците од сите сфери да нѐ контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма“– порачуваат од менаџерскот тим.
OhridNews