Поетите Видое Видически, Ленче Милошевска, Горан Анчевски, Љерка Тот Наумова, Мирче Нешовски и Мирјана Тренчева, ќе бидат дел од Поетскиот карван „Почувствувај ја Македонија“ кој ќе гостува во Охрид на 13 јули 2014 година. Организатор на овој караван е Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а истиот има за цел да го афирмира и доближи литературното творештво до читателите.

Караванот започна на 22 јуни во Дебар и освен во Охрид, ќе гостува и во Велес, Прилеп, Куманово, Гостивар, Битола, Неготино, Струмица, Виница и Штип.

Средбите со љубителите на пишаниот збор, ќе се одржуваат на неконвенционален начин, на отворен простор и се во функција на запознавање со природните убавини, историските знаменитости и духовните светилишта на Македонија.

Во карванот на ДПМ ќе учествуваат вкупно шеесет поети.

OhridNews