Македонскиот книжевен гласник „Синтези“ во својот најнов, триесет и петти број, во посебен блок објавува поетски портрет на Славе Ѓорѓо Димоски. Во изборот застапени се 40 песни, како и критички фрагменти од низа проследувачи на творештвото на Димоски, меѓу кои Милан Ѓурчинов, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Венко Андоновски, Тодор Чаловски и Бранко Цветкоски.
„Синтези“ донесува и избор од балканското раскажувачко творештво, со предговор на Раде Силјан, како и „Врежанки – меѓу литературата и животот“ од Ристо Лазаров за Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Радован Павловски, Димитар Солев и Горан Стефановски. Од странските автори со поетски и прозни прилози се застапени Силвија Плат, Жак Превер, Габриел Гарсија Маркес и Ајше Пасланмаз.
OhridNews