Во катедралната црква Света Софија во Охрид, вечерва ќе се одржи поетски портрет на годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, словенечкиот поет Томаж Шаламун.

Пригодна реч за лауреатот ќе има Богомил Ѓузел, а предвидена е и пригодна културно-уметничка програма.

Традиционално денеска на полноќ во х. Дрим ќе се одржи манифестацијата „Ноќ без интерпукција“ со поетско читање на учесниците на СВП.

Ohridnews