Поети, критичари и уметници од Ирска, Словенија, Црна Гора и Македонија ќе бидат дел од „Поетската ноќ во Велестово“ која ќе се одржува од 15-ти до 18-ти август 2014 во селото Велестово и Охрид.
Поетска ноќ која годинава се одржува по 26-ти пат ќе биде посветена на поезијата на академик Катица Ќулавкова. За нејзиното творештво ќе зборува Владимир Мартиновски, а ќе биде отворена изложба на членови од Центарот за културен Проток АРТерија од Охрид.
На 16 август во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи меѓународно поетско читање со: Патрик Котер од Ирска, Тања Бакиќ од Црна Гора, Зоран Јакимоски од Македонија и Барбара Погачник од Словенија, а на 18 август во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид е предвидена промоција на три поетски книги.
OhridNews