Со претставување на творештвото на поетот Владимир Мартиновски и изложба на Емилија
Лазаревска, вечерва ќе биде отворено 23-то издание на културната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, која од минатата година има меѓународен карактер. Отворањето ќе биде збогатено со настапот на  Староњски
бендот.

Во рамки на втората, интернационална вечер, својата поезија ќе ја
претстават поетите: Сим Кера од Естонија, Желко Миловиќ од Црна Гора,
Елена Рибет од Италија, Лука Бенаси од Италија, Патрик Котер од Ирска, а
ќе биде одржана и изложба на рачно изработен накит од Елена Ристовска и
Глигор Кузмановски.

Манифестацијата ќе се одржи на две сцени, едната традиционално кај селската чешма, а
втората кај обновениот Центар за култура.

OhridNews