На 16 август во 11 часот свечено ќе биде пуштен во употреба Домот на културата во Велестово, а напладне ќе се одржи поетски митинг. Во 13 часот се закажани промоции на две монографии:”Црквата Успение на пресвета Богородица” и “20 години Поетска ноќ во Велестово”.
Новиот дом на култура во Велестово
“Вака, вака и вака… итн. и др. и сл. ” е претставата што во 21 часот ќе ја изведат студентите од факултетот за драмска уметност во класата на професорот Владо Цветановски и доцент Мими Таневска.
Се очекува, 20-тата по ред Поетска ноќ во Велестово да ја отвори министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа- Милевска.