Поетот Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на годинашната државна награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на државата.
Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на седницата одржана на 4 октомври донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија, информираат денеска од Министерството за култура. Наградата „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста му се доделува на Славе Димоски, поет, информираат денеска од Министерството за култура.
Наградата на Димоски ќе му биде врачена на 23 октомври во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
OhridNews