Книгата поезија „Еден вечен неделен ден“ од охриѓанецот Пере Ристески ја освои наградата „Гравитација 2015“ на конкурсот од Здружението за наука и култура „НОВА“ од Битола, за необјавен роман, книга раскази и книга поезија.
За стихозбирката рецензентот на книгата д-р Васил Дрвошанов вели: „Поетот Пере Ристески вешто го користи јазикот за изнесување на своите емоции, и тој не е само нем набљудувач на појавите во и околу себе си, туку, како што видовме досега, тој изделува одделни негативности и мајсторски, со неколку потези ги слика човековите војни, падовии искачубања на микроплан, овде и сега. Токму затоа неговите песни доаѓаат во современата македонска поезија со грст свежина, надвор од асфалтот и од забревтаноста на големиот град.“
Ристески е автор на стихозбирките: „Гревот на првата љубов“, „Крајпатни ветришта“, „Во преграб на мигот“, „Зен верс“ (хаику антологија, уредник и учесник) и „Импулс“ (хаику поезија).
OhridNews