Поетот Михаил Ренџов е автор на поемата „Предвесница“, која ја освои  наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема на македонски јазик во 2009 година, на  конкурсот што го распишуваат издавачката куќа „Детска Радост“ и центарот за култура „Г. Прличев“.

Ренџов еднаш веќе ја има добиено наградата „Григор Прличев“.

На конкурсот пристигнале  22 ракописи, меѓу кои најмногу се издвојувала поемата „Предвесница“. Поемата има 912 стиха, колку што има и поемата „Сердарот“ на Прличев. Тематската определба на поематаспоред жирито кореспондира со архаичните митски слики од традицијата на епското создавање.

Наградата во вредност од 1.500 евра на Ренџов ќе му биде врачена на манифестацијата „Прличеви беседи“ на 6-ти февруари 2010 година во Охрид.