Утре од 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостува поетесата Дана Тембелеска.
Профсор д-р Гордана Такец ќе ги промовира двете нови стихозбирки на Тембелевска со наслов: „Капка среќа“и „Наслед (е)на љубов“а авторката сама ќе ги чита сопствените стихови.
Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подброто утре, а во втората книга на пиедесталот е татковината – Македонија. Повеќе прозно отколку лирски во неа ја прикажува суровата реалност. Дана Тембелевска е поетеса која со силна гласност ја најавува својата поетска мисла. Таа е силна жена, смела и храбра како личност и моќна со стиховите, велат од Библиотеката.
Посочуваат дека, Тембелевска, како што вели самата, цел живот ја носи во себе љубовта кон пишаниот збор во сите форми.
Зад себе има бројни награди и признанија, а е член на Литературниот клуб од Прилеп. Подготвува книга за деца, а од неодамна успешно се занимава со пишување афоризми, но и хаику поезија, додаваат од Библиотеката.
OhridNews