НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид соопштува дека добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2023 година е авторот или авторката на поемата „Денес“, пријавена под шифра „Сенед“.
Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Милован Стефановски – претседател и Елизабета Шелева и Иван Додовски – членови.
Од вкупно седум пријавени ракописи, комисијата ги издвои во потесен круг поемите: „Денес“ (пријавена под шифра „Сенед“), „Одблесок“ (пријавена под шифра „Еригон“) и „Армагедон – големиот суден ден“ (пријавена под шифра „Валтер“). Се повикува авторот или авторката на наградената поема „Денес“ да го докаже авторството со доставување на оригиналниот примерок, велат од Центарот за култура.
OhridNews