Поемата „Азбукословецот“ со поднаслов „Во слава на свети Климент премудриот кој посеа житница на неграмотна нива и кој со песна ги допира ѕвездите“, под шифра „Аз-буки“ победи на годинешниот 21. по ред конкурс за наградата за најдобра необјавена поема на македонски литературен јазик „Григор Прличев“.
На конкурсот што традиционално го организира Редакцијата „Детска радост“ во соработка со Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, беа пријавени 19 поеми.
Наградата на победникот на конкурсот ќе му биде врачена на манифестацијата „Прличеви беседи“ што ќе се одржи во февруари 2014 г. во Охрид.
OhridNews