Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на дизелот се намалува за два денари, додека цената на бензините останува непроменета.
Согласно одлуката, новата цена на еуродизелот изнесува 53,5 денари за еден литар, додека цената на екстралесното масло за домаќиство (ЕЛ-1) се намалува за 1,5 денари, на 42,5 денари. Се намалува и малопродажната цена на мазутот за 0,677 денари, со што новата цена на М-1 НС изнесува 26,248 денари за килограм.
Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 и натмау ќе се продават по 67,5, односно 69,50 денари за еден литар.
OhridNews