Со намалување на бројот на потребни документи, на земјоделците им се овозможи многу  поедноставна процедура за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Ова вчера го соопшти Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски потенцирајќи дека овие измени се дел од  антикризните мерки, кои деновиве ги донесе Владата на Република Македонија.

Со тоа што оваа година  земјоделците нема да доставуваат нови имотни или поседовни листови, податоците за катастарските парцели ќе се обезбедат по службена должност преку Подрачните единици на министерството за земјоделство. Покрај намалените критериуми за аплицирање , значително е  продолжен и рокот за поднесување на барањата за овчарство и козарство,  до 15 ноември, наместо до 30 мај. Ова продолжувење е со цел сточарите кои подоцна ќе го обележат стадото, да можат да го остварат правото на субвенции.

OhridNews