Новата подземна гаража, прва од таков тип во Охрид, ќе биде завршена до почетокот на главната туристичка сезона. Таа се гради во склоп на станбено деловниот комплекс на просторот кај старата автобуска станица. Според најавите подземната гаража ќе биде со капацитет за околу 200 до 300 возила со што во голема мерка ќе се ублажи хроничниот недостаток на паркинг места во туристичкиот шпиц.
изградбата на подземната гаража во полн ек
Според најавите на локлната самоуправа Охрид наскоро ќе добие и катна гаража со капацитет од 400 возила која ќе биде изградена на сегашниот паркинг на „Комуналец“ кај градскиот пазар.
ohridnews
фото: Васко Бујароски