Денес на градскиот плоштад беше поставена изложбата на подводна фотографија од охридскиот Нуркачки клуб „Амфора“.

Изложбата е дел од проект, финансиран од општина Охрид, чија цел е на охриѓани и пошироката јавност да им се презентира животната заедница на Охридското езеро, ендемичните видови флора и фауна и да се подигне јавната свест за заштита на езерото.

  • Посетителите можат да се информираат за навиките на подводниот жив свет, размножувањето, начин на живеење. За да се направат фотографиите потребна е софистицирана нуркачка опрема, специјални фотоапарати, светла, блицеви. Потребно е големо искуство и познавање на подводниот амбиент во езерото, вели Јован Секулоски од НК „Амфора“.

Изложбата е во рамки на годинешното одбележување на Денот на езерото.

OhridNews