Меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски, вели дека ваков материјал за прв пат се прикажува пред пошироката јавност, која ќе има прилика одблиску да се запознае со тајните на Охридското Езеро.
– Сторијата започнува кај Св. Наум каде што е исконската врска помеѓу Охридското и Преспанското Езеро, се гледаат извори на слатка вода, има екслузивна снимка на мрест на пастрмка прв пат направена во живо, има колонии на ракчиња, мрест на клен, подводни археолошки локалитети, потонати бродови и многу други работи, ни изјави Секулоски.
Милутин Секулоски
Монтажата е на Бранко Попчески, а издавањето на ДВД материјалот го помогнаа бројни спонзори, додава Секулоски, кој очекува видеото да предизвика голем интерес како кај охриѓани така и кај туристите.