Членовите на Клубот за подводни дејности Охрид од Охрид, денеска, традиционално ја накитија и поставија новогодишната елка во водите на Охридското Езеро во центарот на Охрид.
Од клубот за подводни дејности Охрид од Охрид информираат дека подводната новогодишна елка која е поставена во близина на Градското пристаниште кај колцено, оваа година ќе ги осветлува езерските води. За таа цел безбедно е поставена соодветна инсталација што ќе овозможи елката да се гледа навечер во Езерото.
Настанот од копно, вода, но и под вода со подморница, го следеа бројни љубопитни граѓани. Најмладите организаторот ги изненади со новогодишни пакетчиња.
Г.М.
Фото: А. Момироска