Продолжува растот на Ковид-19 инфекции во Велика Британија, покажуваат податоците на Канцеларијата за национална статистика, јави Би-би-си.

Се проценува дека 2.7 милиони луѓе, или еден во 25, го има вирусот. Речиси еден во 30 лица го имал вирусот претходната недела.

Порастот најмногу се должи на подваријантите на омикрон, БА.4 и БА.5, што бргу се шират. Лицата повторно може да се заразат, дури и доколку биле позитивни на Ковид-19 претходно.

Здравствените власти апелираат секој што не примил вакцина или „бустер“ доза во изминатите шест месеци, да го направи тоа. Особено лицата над 75 години, кои се изложени на поголем ризик, кога се во прашање сериозни болести.

Податоци од британската Агенција за здравствена безбедност покажуваат дека бројот на лица со Ковид-10 во болница е зголемен кај сите возрасни групи. Но, најмногу кај оние над 75 години.

OhridNews