Гвидо Бевенети од Пaлермо, кој неодамна бил пуштен од затвор со електронски чип за следење, ја замолил управата од затворот да го врати назад, бидејќи не може да поднесе да живее со родителите.
Бевенети, кој во затворот завршил поради кражба, му била намалена казната под услов да престојува во куќата на своите родители во Палермо.
Тој рекол дека родителите перманентно му држат предавања за неговиот живот како разбојник, и дека почнале да се однесуваат кон него како со дете.
„Цело време ми зборуваат дека сум бескористен, ми држат предавања за се и ми наредуваат да работам во куќата. Се однесуваат кон мене како со дете. Подобро ми беше во затворот“ – рекол Гвидо.
После неколку расправии, Гвидо побегнал во полициската станица и барал да го уапсат.
„Вие сте мои спасители“, и рекол на полицијата откако бил вратен во затворот. „Не ќе можев да поднесам уште ниту еден ден со нив“.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com