После сите пораки испратени на луѓето со вишок на килограми за опасност од преголемата телесна маса за животот, се покажало дека е многу поопасно да се биде премногу слаб.
Дебелината е опасна по здравјето, тоа е добро познат факт, но најново истражување спроведено во болницата Сент Мајкл во Торонто покажало дека е многу поопасно да се има премалку килограми, односно пренизок индекс на телесна маса.
Имено, со анализата на голем број податоци од 50 претходни истражувања се дошло до заклучок кој оние слабите ќе ги натера да се загрижат. Сите луѓе во истражувањето се следени барем пет години, додека за премала телесна маса е дефиниран индексот на телесна маса под 18.5.
Резултатите покажуваат дека тие луѓе имаат 1.8 пати поголем ризик за прерана смрт од луѓето со нормална телесна тежина, а дебелите немаат такви шанси.
Луѓето, чиј индекс на телесна маса е помеѓу 30 и 35 имаат 1.2 пати поголем ризик од прерана смрт, додека луѓето со индекс над 35 имаат просечно 1.3 пати поголем ризик од прерана смрт од луѓето со нормална телесна маса (18.5-25).
извор:metro-portal.hr